
Џафери платил казна и продолжил да го прекршува законот
Џафери платил казна и продолжил да го прекршува законот – Талат Џафери го прекршил Уставот и платил казна поради неспоивост на функциите.
Според антикорупционерите, Џафери иако бил претседател на Собранието истовремено членувал и во партиските органи на ДУИ, поконкретно во претседателството на Генералниот совет на партијата.
Од Антикорупциската комисија прашале дали и покрај платената казна Џафери се уште извршува партиска функција, но од ДУИ одговор не добиле.