Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Аферата „Провизиите кои чинат животи“, покажа дека за Филипче профитот бил на прво место, поставил модуларни болници од леснозапалив материјал
Македонија

Аферата „Провизиите кои чинат животи“, покажа дека за Филипче профитот бил на прво место, поставил модуларни болници од леснозапалив материјал

01/06/2025

AA

Аферата „Провизии кои чинат животи“ го разоткрива начинот на кој поранешниот министер за здравство, Венко Филипче, го водел ресорот во време на пандемија – со фокус на профитот и провизиите, наместо на здравјето на граѓаните.

Наместо да им даде приоритет на пациентите, Филипче, според новите информации, ставил акцент на тендерските зделки. Трагедијата во модуларната болница во Тетово, каде животот го загубија 14 лица, е најтрагичниот резултат од таквото работење.

Во време кога земјата се бореше со пандемијата, Министерството за здравство дозволило изградба на модуларни болници кои не ги исполнувале основните безбедносни стандарди – ниту според Законот за градење, ниту според Законот за здравствена дејност. Изведени се објекти со леснозапаливи материјали, без техничка заштита од пожари и експлозии.

Проектот за изградба на 16 модуларни болници, финансиран со 30 милиони евра од Светска банка, формално бил доверен на Министерството за труд и социјална политика поради сомнежи за капацитетите на МЗ. Но, техничките спецификации ги изработило лице од Министерството за здравство, именувано од Филипче. Подоцна било утврдено дека тие не одговараат на ниту еден здравствен стандард – се набавувале стоки, а не здравствени објекти.

Наместо да се подобрат условите по трагедијата, Владата преку Министерството за транспорт и врски итно го изменила Законот за градење, со цел модуларните болници да се класифицираат како урбана опрема. Со тоа, одобрението за нивно поставување го издавал самиот министер.

Објектите не се запишани во катастарот, немаат владини одлуки за трајно користење, ниту дозволи за употреба според прописите за простор, опрема и кадар.

Сите овие наоди се доставени до Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција.

Лакомоста за провизии, според ВМРО-ДПМНЕ, чинела 14 човечки животи – луѓе кои во Тетово дошле по лек, а никогаш не се вратиле.

Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ најавува дека наскоро ќе бидат објавени сите детали од аферата „Провизии кои чинат животи“, во која Венко Филипче е централна фигура.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy