Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АЕТМ објави Jавен повик за поддршка за отворање на нови е-продавници
Македонија

АЕТМ објави Jавен повик за поддршка за отворање на нови е-продавници

21/02/2023

AA

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – AETM, во рамки на проектот „Поддршка на локалните бизниси со помош на е-трговија”, кој се реализира во партнерство со компанијата Visa, објавува Jавен повик насловен “Е-трговија: Супермоќ за локалните бизниси”.  Јавниот повик е отворен за сите микро, мали и средни компании, кои сè уште не ги продаваат своите производи или услуги онлајн, а имаат потреба од отворање на е-продавница и од зголемување на знаењата и вештините поврзани со е-трговија. Преку Јавниот повик ќе се доделуваат вредносни пакети од 1.000 евра за отворање на дополнителен продажен канал – е-продавница во рамки на постоечка маркетплејс платформ и нејзина маркетинг промоција и ќе се обучуваат бизнисите за зајакнување на вештините поврзани со е-трговија и дигитален маркетинг.

Идејата зад проектот е да им се помогне на компаниите да отворат дополнителен продажен канал – е-продавница со цел добивање на нови клиенти и зголемени продажби, како и да им помогне за унапредување на работата, преку зајакнување на нивните дигитални вештини, кои ќе им помогнат подобро да се претстават во јавноста и да ги реализираат своите бизнис цели.

Проектот ќе трае до крајот на мај 2023 година, а ќе се состои од поврзување на бизнисите со домашните маркетплејс платформи и отворање на нивна е-продавница во рамки на една од платформите која бизнисите сами ќе ја изберат. Одбраните кандидати ќе имаат можност да присуствуваат и на практичен едукативен семинар за е-трговија „Сѐ за е-трговија“, кој ќе се одвива со физичко присуство. Ќе бидат поддржани 15 компании  за отворање и промовирањe на нивната е-продавница, а едукативниот семинар ќе можат да го посетат по најмногу двајца претставници од секоја компанија. По завршување на програмата сите учесници ќе добијат сертификати за учество.

“Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и со оваа иницијатива се вклучува во напорите за зајакнување на конкурентноста на микро, малите и средни компании и за мотивирање на бизнисите за унапредување на нивното работење, преку вклучување во е-трговијата, како нивен дополнителен продажен канал и зголемување на дигиталните вештини поврзани со е-трговија. Оваа иницијатива се реализира во соработка со компанијата Visa и преставува почетна точка на нашата нова заедничка соработка.“ – изјави Претседателката на АЕТМ, Д-р Нина Ангеловска.

“Претприемништвото е најголемата сила на секоја економија, особено на тие во развој. Со цел да ги зајакнеме малите и средни бизниси и да ги направиме поконкурентни на пазарот, сакаме заедно со нашите партнери од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија да им помогнеме да иницираат онлајн продажба и да се вклучат во тековите на дигиталната економија, која има голем потенцијал за раст и развој на нивниот бизнис.” додаде Владимир Ѓорѓевиќ – генерален директор на Visa за Југоисточна Европа.

Аплицирањето на Јавниот повик, кое што е бесплатно, се одвива онлајн на веб страницата на АЕТМ и трае до петок, 15 март 2023, до 23:59 часот, по што ќе следи евалуацијата на апликациите од страна на комисија составена од експерти во областа. Поради ограничен број на учество, ќе се прави избор на учесниците кои ќе можат да ја следат програмата за отворање на дополнителен продажен канал – е-продавница во рамки на локален маркетплејс и зајакнување на дигиталните вештини за е-трговија и дигитален маркетинг.

Повеќе информации за Jавниот повик се достапни на: https://ecommerce.mk/povik/

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy