Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение
Економија

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

20/05/2024

AA

Членот 368 од Законот за
облигациони односи е дискриминирачки и спротивен на Уставот. Со наведените
измени се наруши правниот ред и поредок, се поттикна финансиска недисциплина,
при што должниците се ставија во привилегирана положба, наспроти доверителите,
а се наруши и финансиската стабилност на државата. Според Уставот, правото на
сопственост е загарантирано право на секој граѓанин и правно лице. Уставот е
највисок правен акт во државата, па оттука сите законски, подзаконски акти и
други пишани правила треба да бидат во целосна согласност со овој правен акт.

„Искрено се надеваме дека Уставниот суд, со целокупниот свој професионален
интегритет и капацитет, внимателно ќе ги разгледа новите иницијативи кои се
однесуваат на овој член и во скор рок ќе го разреши овој правен проблем, кој во
пракса создава низа проблеми, за граѓаните, компаниите и институциите“,
подвлекуваат од Адвокатската комора на Македонија.

Измените на законот за облигациони односи се спротивни на основните темелни
вредности на Уставот и во праксата создаваат низа проблеми. Одредбите од член
368 од ЗОО, по донесените измени, се во директна спротивност со Законот за
извршување, според кои, а согласно член 93 и 111, извршителот не може да го
запре извршувањето поради апсолутна застареност на извршување.

Покрај другите проблеми што ги предизвикаа овие законски измени, се
појавуваат и низа прашања, како на пример: Што ќе се случува со данокот на
додадена вредност и другите даноци кои фирмите ги плаќаат однапред, пред да го
платат долгот? Ова особено се однесува на данокот на добивка. Како резултат на
ваквите законски измени фирмите се доведуваат во ризик и од намалување на
ликвидноста. Физичките лица односно граѓаните, кои не можат да ги наплатат
своите побарувања, ќе изгубат пари или други добра, што ќе придонесе за
зголемување на социјалните случаи.

Адвокатската комора изврши и компаративни анализи на законските решенија
што ја регулираат оваа област во другите држави. Имено, анализите покажаа дека
многу од земјите како што се Хрватска, Босна и Херцеговина и други ги имаат
истите одредби како што беа одредбите во Република Северна Македонија пред
донесувањето на овие законски одредби. Исто така, комората напоменува дека доколку
доверителите поднесат тужби пред судот во Стразбур, согласно воспоставената
пракса на судот, извесно е дека ќе се утврди повреда на правата од Европска
конвенција за заштита на човековите права и државата ќе биде таа која ќе ги
плаќа штетите.  Ова значи дека сите
граѓани во Република Северна Македонија ќе ги плаќаат долговите на неплаќачите.
Исто така, новите законски одредби се спротивни и на меѓународното право,
бидејќи постои судска пресуда од Европскиот суд за човекови права, донесена за
случајот „Бочварска против Република Македонија“ под број 27865/2, каде судот
се произнел дека побарувањата мора да се третираат како сопственост.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОПОЖАРЕН БАГЕР ШТО РАБОТЕЛ НА СТАДИОНОТ „ШКЕНДИЈА“ ВО АРАЧИНОВО Дали

01/10/2026
Македонија

ДАЛИ САМУИЛ И САМУИЛОВАТА ДРЖАВА БИЛЕ БУГАРСКИ (2) Василиј II

01/10/2026
Македонија

РЕКОРД ВО СЕПТЕМВРИ НА НАЦИОНАЛНИОТ ПОРТАЛ ЗА УСЛУГИ Поднесени 27.345

01/10/2026
Македонија

ПЕТМИНА ЛЕКАРИ ОД БИТОЛА ЌЕ ОДГОВАРААТ ЗА СМРТТА НА ПАЦИЕНТКА

01/10/2026
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски

30/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПРЕДНИЧИ ВО ЕВРОПСКИТЕ РЕФОРМИ Левков вели дека актуелниот парламентарен

30/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45907
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОПОЖАРЕН БАГЕР ШТО РАБОТЕЛ НА СТАДИОНОТ „ШКЕНДИЈА“ ВО АРАЧИНОВО Дали станува збор за политички мотивирана

01/10/2026

Багер, кој се користел за изградба на стадионот на „Шкендија“ во Арачиново, изгорел во пожар што бил пријавен во полиција

ДАЛИ САМУИЛ И САМУИЛОВАТА ДРЖАВА БИЛЕ БУГАРСКИ (2) Василиј II не бил „Бугароубиец“ кога војувал

01/10/2026

Новите непријатели произлезени од Самуиловата држава биле означувани како „Скити“ и во фиктивниот епитаф на Никифор II Фока, содржан во

РЕКОРД ВО СЕПТЕМВРИ НА НАЦИОНАЛНИОТ ПОРТАЛ ЗА УСЛУГИ Поднесени 27.345 барања за електронски услуги

01/10/2026

Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk во септември забележа рекордна употреба – во текот на месецот граѓаните и компаниите поднеле

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy