
Адвокатите на Јовев ќе го тужат Меџити: Го разрешил кардиохирургот оти дежурствата не му биле одобрени од Сали
Адвокатот на кардиохирургот Сашко Јовев, Мите Михајловски откри дека ќе следи тужба за министерот за здравство, Фатмир Меџити.
– Решението е навреда за здравиот разум на сите нас. Во него стои дека има исплатни листи за дежурства, а дежурството не го одобрил министерот за здравство. Замислите доаѓа некоја со итна потреба на клиниката, портиртот да му рече „извинете дојдете утре, немаме дежурен лекар, не одобри министерот“. Злоупотреба е од министерот ако не дал согласност да се организира дежурство. Нема причина за разрешувањето.
Да, ќе следи тужба, ова не може да помине вака. Имам еден апел до колегите на професорот Јовев. Ако не се обединат сега, втора шанса нема да има – рече Михајловски.