Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Адинг„ повторно ќе ги награди своите акционери! Колкава е дивидендата?
Економија

„Адинг„ повторно ќе ги награди своите акционери! Колкава е дивидендата?

26/04/2023

AA

Акцијата на „Адинг“ уште еднаш се покажа како фаворит од сенка во споредба со акцијата на многу поголемата компанија од градежната оператива. Затоа што акцијата на „Адинг“ носи принос од 4 отсто на последната пазарна цена. Со овој принос акцијата е многу конкурентна и на банкарските камати за депозити и штедни влогови. Особено затоа што „Адинг“ има беспрекорна и континуирана дивиденда историја

Скопската компанија „Адинг“, која е синоним во Југоисточна Европа за хемиски материјали во градежништвото, и годинава ќе ги награди своите акционери. Компанијата ги објави предлог одлуките за претстојното акционерско собрание на кое, меѓудругото, треба да се донесат и одлуки за распредела на добивката и за поделба на дивиденда.

Според предлогот, нето износот на дивиденда изнесува 29 денари за секоја акција со право на глас. Кога тој износ ќе се спореди со последната просечна пазарна цена излегува дека приносот на „Адинг“ е многу поконкурентен од банкарските денарски каматни стапки. Затоа што изнесува 4 отсто и тоа на последната цена која изнесувала 722 денари за акција.

Акцијата на „Адинг“ во македонската инвеститорска заедница уште еднаш се покажа како фаворит од сенка во споредба со многу поголемиот конкурент од градежната оператива. Зошто? Па затоа што пазарната цена на акцијата на „Адинг“ е речиси на половина од пазарната просечна цена на градежниот гигант додека и двете акции носат речиси иста дивиденда.

А и „Адинг“ може да се пофали дека води особена и континуирана грижа за своите акционери затоа што редовно дели дивиденда која е предвидлива затоа што во континуитет изнесува околу половина евро во нето износ за акција.

Колкава е добивката и како ќе ја распределат?

Добивката од работењето лани на „Адинг“ изнесува 398.500 евра. Над 40 отсто од добивката е наменета за исплата на дивиденда. Поточно 164.000 евра. „Адинг“ има четири акционери домашни физички лица кои поседуваат над 5 отсто акции и уште 280 мали акционери домашни физички лица. Најголем дел од овие 164.000 евра ќе останат во Македонија, а ќе ги поделат меѓусебе акционерите кои се домашни физички лица.

Како и секоја фирма која се води грижливо и домаќински така и менаџментот на „Адинг“ предлага акционерите најголем дел од добивката, поточно нешто над 200.000 евра да ја наменат за инвестиции.

Речиси 10.000 евра од добивката се наменети за награди на менаџерскиот тим, а за награди на вработени заслужни за проиводниот процес се наменети околу 24.000 евра. И ова е значаен аргумент кој наведува на заклучок дека „Адинг“ се грижи за своите вработени.

Производствената програма на „Адинг“ ја сочинуваат повеќе од 100 производи кои нудат решенија за најспецифични проблеми со кои се соочува модерното градежништво. Повеќе од половината од роизводството на компанијата денес се пласира на надворешните пазари, па оттука и големиот број на референтни објекти на овие пазари каде се вградени производите и технологиите на „Адинг“. 

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026
Македонија

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ

25/09/2026
Македонија

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ

25/09/2026
Македонија

🎥 (ВО ЖИВО) МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО

25/09/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОКРЕНА ИСТРАГА ЗА ГОЛЕМИОТ ШВЕРЦ НА ЦИГАРИ Меѓу 19-те

25/09/2026
Македонија

САШО МИЈАЛКОВ НЕМА НИКАКВА ВРСКА СО БАРУТАНА Демантирани тврдењата на

25/09/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ДА ПРОДЛОЖАТ, А НАПРЕДОКОТ КОН ЕУ ДА БИДЕ ЗАСНОВАН

25/09/2026
Македонија

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ПАРКИНГ, ПА СО „ФОРД“ ТУРНАЛ ПОРТА ВРЗ

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45810
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026

Во Косово денеска е уапсен Рами Кучи, првоосомничениот за убиството на 26-годишниот А.М., кое се случи на 6 септември во

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ Петрушевски за говорот на Мицкоски

25/09/2026

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на телевизија Алфа во емисијата „Колегиум”, го коментираше обраќањето на претседателот на Владата,

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ И СО САД Мицкоски од

25/09/2026

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, во своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, ги претстави трите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy