
Адеми нападнат од навивачите на Ријека – го пцуеле на национална основа!
Во пресрет на натпреварот, ѕвездата на загрепчани, Марко Ливаја, повторно бил на тапет на „Армада“, а по мечот додека гостинските навивачи чекале полицијата да ги спроведе од јужната трибина, за малку ќе настрадал македонскиот репрезентативец и капитен на Динамо, Аријан Адеми.
Тој по завршувањето на обврските во микс зоната, поминувал под трибината во друштво на сопругата и синот и кога бил забележан од навивачите на Ријека, почнале да го навредуваат на национална основа, па дури и фрлиле столче кон Адеми и неговата фамилија.
„Да ти е*еме мајката шип*арска“, се слушало од јужната трибина каде биле сместени навивачите на Ријека. Полицијата ја смирила ситуацијата, а Адеми и неговото семејство имале огромна среќа што останале неповредени.