
Адеми: Мислев во Динамо ќе ја завршам кариерата, но ќе се вратам да земеме – европски трофеј!
Адеми вечерва се збогува од Динамо, „Бед Блу Бојс“, кои со овации го испратија, а капитенот на Македонија, Стефан Ристовски со гол и победа против Риека му посака успешна печалба на далечниот Исток.
„Ова беа моите најубави 13 години од животот. Не мислев дека ќе дојде овој ден, мислев дека тука ќе ја завршам кариерата. Готово сигурен бев за такво нешто. Ваква трема како денеска немав последниве десет години. Не сум ни свесен што се случува. Но, среќен сум и горд на сѐ што постигнавме. Јасно е како ден дека ова не е збогум, само довидување, зашто сигурен сум дека не го завршив тоа што го сакав со Динамо. А, тоа е да земам европски трофеј и се надевам на крај ќе го остварам тоа“, рече Адеми.