
Адеми изненаден на стартот: Кинеската авантура ја почнав како – центарфор!
Како што самиот открива во разговор со хрватските медиуми, тој на првиот меч не играл на својата стандардна позиција туку бил најистурен напаѓач во екипата.
„Не одиграв на позицијата на која играв во Динамо Загреб, туку речиси и да бев најистурен во нападот. Првиот центарфор беше повреден, па тренерот се обиде со мене како замена. Тоа ми беше нешто ново, но мислам дека нема долго да трае. Имав две добри шанси, не погодив, но и покрај тоа сум задоволен“, изјави Адеми.
Тој потоа рапортира за тоа како живее во Кина, со кого се дружи и дали планира да научи кинески јазик. Исто така открива дали се кае што заминал толку далеку од Европа.
„Воопшто не ми е жал. Ова е најдоброто нешто што сум го направил. Во овие години тешко дека ќе можев да игра во некоја од петте најдобри европски лиги, па заминувањето во Кина беше најлогично“, дополни Адеми.
Целото интервју може да го прочитате ТУКА.

