
Адеми и Ристовски добиваат големо засилување од Фиорентина!
Најинтересната вест на овој план дојде од Италија, каде беше објавен трансферот на крилниот напаѓач Јосип Брекал од Фиорентина на „Максимир“, а дека има вистина во тоа потврди и тренерот на „модрите“, Сергеј Јакировиќ.
„Брекало сака да дојде кај нас и ние сакаме тој да дојде. Проблемот е што главниот крилен напаѓач на Фиорентина е повреден, а вториот е на Африканскиот куп на нации и во моментов тој ептен им треба. Но, добро е за нас што Фиорентина бара за нови играчи и се надевам дека ќе донесат некого, за да може да дојдеме до посакуваниот фудбалер“, објасни Јакировиќ.
Брекало, кој има 25 години, пред една година потпиша за Фиорентина, кога од германски Волфсбург се пресели во Фиренца. Тој порасна во Динамо, од каде што во 2016 година замина во Бундеслигата. Пред да дојде во Фиорентина играше на позајмица во Штутгарт и Торино, а сезонава има 15 настапи за „виолетовите“ на кои постигна еден гол.

