Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Адем Чучуљ предложен за претседател на ДКСК
Македонија

Адем Чучуљ предложен за претседател на ДКСК

21/11/2025

AA

Адем Чучуљ, образован правник со завршен правосуден испит, ќе биде предложен од Комисијата за прашања на изборите и именувањата до Собранието за нов претседател на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК).

Комисијата за селекција на кандидатите му додели највисоки оценки на Чучуљ, со што тој освои 96,5 бодови. Тој моментално ја врши функцијата генерален секретар на ДКСК, каде што работи веќе 19 години.

Одлуката Комисијата за прашања и избори и именувања едногласно ја усвои и ја препорача на Собранието Чучуљ да биде нов претседател на Антикорупциската комисија. Според информациите од Собранието, пленарната седница на која ќе се гласа за предлогот ќе се одржи на почетокот на декември.

Комисијата за селекција нагласува дека Чучуљ има „значајно искуство во спречување на корупцијата и судирот на интереси, како и јасна визија и конкретен план за работата и развојот на ДКСК“.

Конкурсот за избор на нов претседател беше објавен уште летото, но процесот привремено беше стопиран поради локалните избори. Од 13 кандидати кои аплицираа, 10 беа селектирани, а интервјуата со нив започнаа минатиот вторник.

Новото раководство на ДКСК ќе го замени местото на Татјана Димитровска, која поднесе оставка по обвинението во случајот „Адитив“ за оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат. Според обвинението, таа на обвинето лице му пренесувала информации од предмет кој се водел во Антикорупциската комисија, а исто така е обвинета и за фалсификување на сертификат за државна тајна.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy