
Адејеми со соло-мајсторија го урна Челси, Бенфика со една нога во четвртфинале (ВИДЕО)
Младата ѕвезда на германскиот вицепрвак Карим Адејеми со фантастична контра после корнер на Челси, претрчувајќи повеќе од 70 метри, успеа да ги издрибла и најскапиот премиерлигашки фудбалер Енцо Фернандез и голманот Кепа Аризабалага за да даде гол во 62-та минута и со тој гол да ѝ донесе предност на Борусија пред гостувањето во Лондон на 7 март.
?ンミホ?ンミヒ | ?ンラネ?ンラヘ?ンラホ?ンヨᄑ 1-0 ?ンラチ?ンラナ?ンヨᄒ? (?ンヨᄑ?ンラメ?ンラニ?) pic.twitter.com/gfZ36HOLT5
— EuroFoot (@eurofootcom) February 15, 2023
Имаше Челси извонредни шанси да не остане непоразен, Жоао Феликс со три од кои две извонредни во првиот дел и еден погоден дирек, а еднаш „милионерите“ спасуваа на гол-линијата по удар на Калиду Кулибали и одбраната на Грегор Кобел, кој сѐ што шутнаа во неговиот гол успеа да одбрани, па и завршниот одличен шут на Фернандез во 94-та минута од мечот.
Португалска Бенфика направи огромен чекор кон осминафиналето после вечерашната победа со 2-0 на гостувањето кај Бриж, остварено во второто полувреме од мечот, па само чудо сега може да ги спречи „орлите“ да извисат за место меѓу најдобрите осум.
Жоао Марио шест минути во вториот дел од пенал донесе водство и ја најави победата, а Давид Нерес две минути пред крајот стави печат на големата победа на Бенфика кај белгискиот првак.