Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АЦА ЛУКАС ВО КАВАДАРЦИ ПРОМОВИРАЛ СВОЈА КРИПТО ВАЛУТА Газдата на „Рома кафе“ тврди дека во објектот имало 400 гости
Македонија

АЦА ЛУКАС ВО КАВАДАРЦИ ПРОМОВИРАЛ СВОЈА КРИПТО ВАЛУТА Газдата на „Рома кафе“ тврди дека во објектот имало 400 гости

23/11/2025

AA

Сопственикот на „Рома кафе“ од Кавадарци каде што настапуваше српскиот турбо фолк пејач Аца Лукас, кој беше приведен вчера, преку својот профил на Фејсбук ја објасни својата верзија на случувањата.

„Во врска со изјавата на градоначалникот Митко Јанчев, како и на некои објави на портали за утврдени пропусти од страна на УЈП, ДПИ, Инспекторат за работа со странци, МВР и Општина Кавадарци, го доставувам овој демант и остро ги демантирам сите изјави и пишувања.

Од моја страна како сопственик на Рома кафе сметам дека не е сторено ниту едно прекршочно дело наведено од градоначалникот и од медиумите.

Објектот за настанот беше издаден под наем и целата правна обврска и одговорност при инспекцискиот надзор е на тој правен субјект поткрепено со писмен договор.

Аца Лукас имал валиден влез и запазен престој (што е потврдено од судијата во основниот суд во Кавадарци).

Настапот беше наменет за промоција на негова сопствена крипто валута. Тротоарот за кој имавме барање до Општината за користење беше одбиен и не се користеше во врска со настанот. Инспекторите од УЈП и ДПИ при извршената контрола ќе поднесат соодветни поднесоци за дел од констатирани неправилности спрема правниот субјект.

Рома кафе во насока со законските прописи и насоките од градоначалникот поднесе барања до Општина Кавадарци, Противпожарна единица, ЈЗУ Општа болница и до Полициска станица – Кавадарци. Во барањата е образложен целиот настан и нивна присутност поради поголем број посетители (за што имам писмен доказ). После пријавувањето за настанот добивме напатствија од надлежните институции како да настапиме на денот на настанот и истите беа исполнети од наша страна.

Не се точни изјавите дека имало загрозување на безбедноста од причини што после приведувањето на Аца Лукас во 00:10 часот, Рома кафе продолжи со работа до 01:00 часот, што значи дека Рома кафе ги исполнувала сите потребни безбедносни услови и излези од објектот, и нема изречено казна. Исто така не е точно дека во објектот имало 700 гости, тоа се паушални изјави од луѓе кои не биле присутни. Во објектот имаше 400 гости што беше уредно пријавено и беа обезбедени сите услови за работа. Доколку немало услови за работа, надлежните институции пред започнување на настанот можеле да нѐ известат дека не се исполнети условите во целост, затоа што 7 дена претходно сите беа уредно известени.

Како сопственик на Рома кафе најмалку сакам да се случи некаков немил настан затоа секогаш работиме по највисоки стандарди.

Рома кафе продолжува со работа и понатаму во согласност со позитивните законски прописи, норми и дозволи како и до сега, а за тоа е и доказ 21-годишното постоење“, се  наведува во обраќањето од сопственикот на „Рома кафе“.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy