
AA најави вонредна прес конференција, Таравари ќе ја објави кандидатурата за претседател
Кандидат за претседател од Европскиот сојуз за промени ќе биде Арбен Тарвари, актуелен градоначалник на Гостивар и лидер на Алијанса за Албанците.
Од партијата најавија вонредна прес конференција на која ќе биде објавена кандидатурата, а истата е закажана за во 10 часот.
Како што велат од партијата, присутни на конференцијата ќе бидат и лидерот на Демократското движење, г. Изет Меџити, на Движењето Беса, г. Билал Касами, на Алтернатива, г. Африм Гаши, како и претставникот на Движењето Самоопределување, г. Беким Ќоку.

