Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АА: Интензивни разговори за затворање на сите прашања на преговарачката маса
Македонија

АА: Интензивни разговори за затворање на сите прашања на преговарачката маса

06/02/2023

AA

Тимовите на СДСМ и Алијансата за Албанците, како што информираат од АА, ги привршуваат преговорите за проширување на владината коалиција. Од АА велат дека и денеска работните групи се во интензивни разговори по кои веројатно ќе се знае точно кои функции ќе ги добијат.

Од партијата тврдат дека „веќе е договорено со министерствата за здравство и за правда да раководат кадри на Алијанса, ресори кои во моментов се во раце на Алтернатива и СДСМ“. За третото министерско место, посочуваат, се уште се преговара.

-Работните групи со висок интензитет работат на затворањето на сите прашања кои се на преговарачката маса. Има договори, има приближувања, но има и несогласувања за некои прашања. Преговорите продолжуваат додека не се затворат сите теми, велат од Алијансата за Албанците за МИА.

Официјалниот договор меѓу Димитар Ковачевски и Арбен Таравари се очекува тие лично да го соопштат по финалната средба која се уште не е закажана, но како што велат, се очекува да се одржи многу скоро.

Претходно, од АА за МИА посочија дека приоритет ќе им биде борбата против организираниот криминал и корупцијата, и затоа, како што велат, инсистираат нивни кадри да бидат застапени во сите дирекции, институции и инспекторати кои се поврзани со овие области, како УЈП, Царината, полицијата… Според нив, не е услов да имаат прв или втор човек во овие институции, туку нивни кадри да бидат застапени во сите овие институции на различни нивоа.

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари по средбата со премиерот Димитар Ковачевски на 1 февруари изјави дека влегувањето на Алијансата за Албанците во Владата се уште не е дефинитивно, но оти шансите за тоа се огромни. Тој потенцираше дека околу 90 проценти од програмските определби се синхронизирани и оти средат разговпри за кадровските решенија, посочувајќи дека еден од ресорите за кои „имаат најдобри кадри“ е Министерството за здравство.

И премиерот Димитар Ковачевски напомена дека во најголем процент се усогласиле со Алијанса за Албанците и оти ќе продолжат разговорите за сите аспекти за можна соработка.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy