![Ајзеја Томас по двегодишна пауза се враќа во НБА – на десет дена!](https://novina.mk/wp-content/uploads/2024/03/222476-ajzeja-tomas-po-dvegodishna-pauza-se-vrakja-vo-nba-na-deset-dena-jpg.webp)
Ајзеја Томас по двегодишна пауза се враќа во НБА – на десет дена!
Станува збор за 35-годишниот кошаркар, кој нема играно во НБА уште од 2022 година, но неодамна одигра четири натпревари за Солт Лејк Сити старс во Џеј лигата, каде што имаше просек од 32,5 поени по натпревар.
Томас веќе играше за „сонцата“ од Аризона и тоа во сезоната 2014/15, кога на 46 средби имаше просек од 15,2 поени. Во НБА каариерата просечно постигнуваше 17,7 поени на дури 550 одиграни натпревари играјќи за Сакраменто, Феникс, Бостон, Кливленд, Лос Анџелес Лејкерс, Денвер, Вашингтон, Њу Орлеанс, Далас и Шарлот.