Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЈА УБИЛ ОД ЉУБОМОРА, ЈА КАСАПЕЛ, ГЛАВАТА Ѝ ЈА НЕМА! Грозоморни детали за свирепото убиство во Штип
Македонија

ЈА УБИЛ ОД ЉУБОМОРА, ЈА КАСАПЕЛ, ГЛАВАТА Ѝ ЈА НЕМА! Грозоморни детали за свирепото убиство во Штип

17/11/2025

AA

Истражителите ги откриваат најморничавите детали од убиството што ја потресе штипската и македонската јавност: 74-годишниот Д.А. е осомничен дека од љубомора и љубовни недоразбирања ја усмртил 79-годишната Б.Н., ја држел против нејзина волја во својот дом, а потоа ја заклал, ја распарчил и го закопал трупот во дворот. Главата и рацете сè уште не се пронајдени.

Случајот почнал да се разоткрива на 24 октомври, кога сестрата на исчезнатата, 84-годишната Д.О., пријавила дека Б.Н. исчезнала од својот дом. Полицијата брзо дошла до сомнеж дека Б.Н. можеби е затворена кај Д.А., по што на 10 ноември, со судска наредба, бил извршен претрес. Во куќата биле откриени траги од крв и предмети клучни за истрагата. Д.А. бил приведен и задржан во притвор.

Форензичките резултати го потврдиле најцрното сценарио. По повторното сослушување, осомничениот признал дека ја убил жената и дека по убиството ги сечел деловите од телото за да ги сокрие трагите од злосторството. Во дворот бил пронајден трупот, со фрактури на ребрата, но без убоди од нож. Од обвинителството потврдуваат дека вештачењето на крвните траги несомнено укажува дека станува збор за Б.Н.

Истрагата наведува дека зад монструозниот чин стоеле длабоки љубовни недоразбирања и патолошка љубомора. Според сведочењата собрани од истражителите, односот меѓу Д.А. и Б.Н. одамна бил оптоварен со конфликти и сомнежи. Обвинетиот, како што произлегува од неговиот исказ, бил убеден дека жената го изневерува и дека „го манипулира“, а таа љубоморна опсесија постепено прераснала во насилство. Токму тоа, според обвинителството, го поттикнало да посегне по свирепо насилство и да се обиде да ги сокрие трагите на злосторството на најморничав можен начин.

Истрагата продолжува – деловите од телото што недостасуваат, меѓу кои и главата, сè уште се бараат. Д.А. веќе е изведен пред судија на претходна постапка, кој му одредил 30-дневен притвор, а обвинителството го товари за убиство и противправно лишување од слобода.

 

ЈА ЗАКЛАЛ, ПА ЈА ЗАКОПАЛ ВО СВОЈОТ ДВОР!? Расчистено свирепо убиство во Штип

 

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Стевче Јакимовски три недели бил хоспитализиран, потоа вратен во затворот

28/08/2026
Македонија

За влез во Грција утрово се чека повеќе од еден

28/08/2026
Македонија

Влошена здравствената состојба на Стевчо Јакимовски, итно пренесен во болница

27/08/2026
Македонија

Пожар кај селото Копаница: Пожарникарите и ловците се борат со

27/08/2026
Македонија

„Сејф Сити“ почна да ги казнува и мотоциклистите: Системот автоматски

27/08/2026
Македонија

Струмичанец на плоштад ја истепал поранешната сопруга

27/08/2026
Македонија

Ова е конечната ранг-листа на примени ученици во Средното полициско

27/08/2026
Македонија

Скопјанец си ја пријавил мајка си во полиција: Им се

27/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45300
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Стевче Јакимовски три недели бил хоспитализиран, потоа вратен во затворот во Шуто Оризари

28/08/2026

Стевче Јакимовски речиси три недели бил хоспитализиран поради здравствени тегоби, а пред два дена е вратен во Казнено-поправната установа Затвор

За влез во Грција утрово се чека повеќе од еден час

28/08/2026

Иако се работи за само три дена, граѓаните не се откажуваат од краток викенд на море. Фотографии од утрово покажуваат

Влошена здравствената состојба на Стевчо Јакимовски, итно пренесен во болница

27/08/2026

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, итно е пренесен во болница, пишува 24инфо. Според нивните

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy