Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ја одбиле за вработување бидејќи било лошо за угледот да има жена возач: Денеска Жаклина С. Андоноска е една од најдобрите возачи на автобус
Економија

Ја одбиле за вработување бидејќи било лошо за угледот да има жена возач: Денеска Жаклина С. Андоноска е една од најдобрите возачи на автобус

24/06/2025

AA

Сите предрасуди за жените се собрани во една секојдневна пцовка која се изговара илјадници пати во дневниот сообраќај. 

Обично владее убедувањето дека жените се слаби возачи, дека штом зад воланот е жена, сообраќајот ќе биде заглавен, многу жени не можат да дојдат до ред на воланот од колата, бидејќи мажите веруваат дека кога жените возат целото семејство е помалку безбедно. 

И додека овие стереотипи ги демотивираат жените да бидат возачи или активно да возат и покрај возачките дозволи, статистиките зборуваат на сосема поинаков јазик од фолклорот. 

Во секојдневието постојат жени возачи не само на коли, туку и на автобуси и секојдневно превезуваат стотици патници од една до друга дестинација. Еден таков пример кој им пркоси на општествените предрасуди за жените возачи е Жаклина Спиркоска Андоноска. Жена на која сонот ѝ се исполнил, а како девојче имала невообичаена желба за женско. Сакала да стане возач на автобус. Таа тоа денеска е, а како што самата вели ужива да вози бидејќи конечно сонот ѝ станал реалност. 

Жаклина Спиркоска Андоноска 

-Положив 2002 година за aвтобус. Во 2007-8 година се обидов да побарам работа, ми рекоа угледот на фирмата да не ѝ се сруши ако има жена возач и бев одбиена. Во 2010 во ЈСП Скопје побарав работа и таму бев одбиена – требало да имам некој предходно вработен таму па кога ќе оди во пензија на негово место може. И за среќа во 2023 имаше оглас за кондуктер, јас се пријавив со услов и да возам. И еве после неколку обиди и 21 година откако ја имав возачката за Д категорија ми се исполни желбата да бидам возач на автобус на меѓуопштински превоз. Секојдневно сум на релација Прилеп- Скопје- Прилеп, вели Жаклина Спиркоска Андоноска за „Женски магазин“. 

Во последните години, сè повеќе жени во Македонија седнуваат зад воланот, а бројките и трендовите укажуваат на значајно зголемување на учеството на жените во сообраќајот.

Иако нема целосно официјални и детални податоци за точниот број на жени со возачка дозвола, проценките и статистиките од сообраќајната полиција и Државниот завод за статистика нудат интересна слика.

Жените зад воланот — бројки и проценки

Според достапните извештаи, од вкупниот број на регистрирани возачи во Македонија, жените сочинуваат околу 25% до 30%. Ова значи дека на секои четири возачи, најмалку еден е жена. 

Оваа бројка е во постојан пораст последната деценија, особено со зголемениот број на жени кои се обучуваат во автошколите ширум земјата. Денес, се проценува дека во Македонија има помеѓу 250.000 и 400.000 жени со возачка дозвола.

Покрај бројките — какви се жените возачи?

Анализите на сообраќајните настани и прекршоци покажуваат дека жените се значително повнимателни и побезбедни возачи од мажите. На пример, во еден период полицијата регистрирала над 11.000 сообраќајни несреќи, од кои околу 25% биле предизвикани од жени, додека мажите биле одговорни за околу 75% од инцидентите.

Овие податоци потврдуваат дека жените поретко учествуваат во несреќи и помалку ги прекршуваат сообраќајните правила.

Експертите објаснуваат дека причината за тоа лежи во посебниот пристап на жените кон возењето — тие поретко се впуштаат во ризично однесување, ретко возат пребрзо и поретко возат под дејство на алкохол.

Жените и предизвиците на патот

И покрај тоа што бројот на жени возачи расте, тие сè уште се соочуваат со предрасуди и стереотипи во сообраќајот. Во јавноста често се присутни коментари за наводна „несигурност“ или „бавност“ на жените зад воланот, иако статистиката упорно ги демантира овие тврдења. 

Всушност, трендовите покажуваат дека жените се сè посамоуверени и сè поактивно учествуваат во сообраќајот, без разлика дали станува збор за градско возење, патувања на подолги релации или управување со комерцијални возила.

Freepik

Современата жена секогаш зад воланот 

Денешната жена возач е симбол на самостојност и мобилност. Сè повеќе жени се решаваат да купат сопствен автомобил и самостојно да ги извршуваат дневните обврски. 

Тие учествуваат во сите сегменти на сообраќајот — од училишен превоз, преку службени патувања, до рекреативни и семејни патувања.

-Жените возачи во Македонија се бројни, одговорни и посветени на безбедното учество во сообраќајот. Иако статистичките податоци сè уште не се целосно прецизни и детални, трендовите јасно укажуваат на нивната значајна улога зад воланот. Со уривање на предрасудите и со поголема поддршка, бројот на жени возачи сигурно ќе продолжи да расте во годините што доаѓаат.

Магдалена Стојмановиќ – Константинов

Женски магазин

/faktor.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy