
ЈА ОДБИЈА ПОНУДАТА: Аргентина не сака во БРИКС
Аргентина официјално одби да се приклучи на БРИКС.
Аргентинскиот претседател Хавиер Милеj и официјално ја одби поканата. Според аргентинските медиуми, Милеј пред неколку дена испратил официјални писма до кинескиот претседател Кси Џинпинг и претседателот на Руската Федерација Владимир Путин, во кои ги информирал за одбивањето на Аргентина да се приклучи на БРИКС.
Лидерот на Аргентина за ваквата одлука ги информирал претседателот на Бразил Луис Инасио Лула да Силва, премиерот на Индија Нарендра Моди и претседателот на Јужна Африка Сирил Рамафоса, пренесува „Буенос Аирес Хералд“, јави Танјуг. Милеј посочи дека неговата влада во овој момент не го смета за „соодветно“ инкорпорирањето во блокот. Претходникот на Милеј, Алберто Фернандез, претходно најави дека Аргентина ќе се приклучи на БРИКС во август, тврдејќи дека тоа ќе и овозможи на земјата да ги развие своите трговски партнерства низ светот. Инаку, Аргентина имаше висока инфлација и неколку пати досега државата се соочила со банкрот.