
ЈА ОБВИНИ ВЕНЕЦУЕЛА ДЕКА МУ ИСПРАТИЛА ОПАСНИ КРИМИНАЛЦИ: Tрамп воведе царини и за оваа земја
Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска најави воведување секундарни царини за Венецуела.
Обвини дека земјата тајно испратила десетици илјади членови на криминални банди во САД, јавува Anadolu. Трамп кажа дека Венецуела покажала „многу непријателски“ став кон САД и дека испратила голем број опасни криминалци, вклучително и членови на уличната банда Трен де Арагуа, која тој ја нарече странска терористичка организација на почетокот на јануари.
„Меѓу бандите испратени во САД е Трен де Арагуа, која е прогласена за странска терористичка организација. Во моментов работиме на нивно враќање во Венецуела – тоа е голема задача“, изјави Трамп.
Тој најави царини од 25 отсто за секоја земја што ќе продолжи да купува нафта или гас од Венецуела, кои стапуваат во сила од 2 април. Трамп откако стапи на власт предизвика контроверзии не само со царините, туку и со идејата Гренланд и Канада да бидат дел од САД.

