
Ајкула нападна маж во Австралија: „Не знаев што да правам, беше ненадејно“
Ајкула нападна маж во Западна Австралија во саботата. Откако бил каснат, 77-годишниот Ричард Стабс го удрил животното и истрчал кон брегот оддалечен 50 метри.
Не сфатил веднаш дека го нападнала ајкула, но се исплашил бидејќи почувствувал дека некое животно го удрило. Му помогнаа колегите од локалниот пливачки клуб.
Заврши во болница
“Навистина не знаев што да правам. Беше ненадејно”, рекол Стабс, кој бил пренесен во болница со повреда на десната нога.
Западна Австралија неодамна забележа неколку напади на ајкули. На почетокот на неделата, сурфер успеал да исплива 600 метри до брегот и на тој начин да си го спаси животот откако бил каснат за ногата. Очевидци изјавија дека изгубил многу крв.

