
Ајакс си ја спаси евро-сезоната
Во последното коло, некогашниот европски шампион го совлада АЕК со 3-1 и барем делумно си ја спаси евро-сезоната што на стартот изгледаше апсолутно нереално. Тимот од Амстердам има пет победи на последните шест меча во сите натпреварувања и полека се враќа во нормала по катастрофалните резултати претходните два месеца.
Во последното коло од Лигата Европа, исклучително важни победи остварија Вест Хем, Брајтон и Ренџерс. Вест Хем и Брајтон ги совладаа директните ривали за првото место, Фрајбург, односно Марсеј и ја завршуваат оваа фаза на првото место. Победија и Ренџерс против Бетис со 3-2, во мечот кој за нив можеше да значи елиминација од Лигата Европа.
РЕЗУЛТАТИ
Ајакс – АЕК 3-1
Арис – Спарта 1-3
Бетис – Ренџерс 2-3
Брајтон – Марсеј 1-0
Олимпијакос – ТСЦ 5-2
Раков – Аталанта 0-4
Спортинг – Штурм 3-0
Вест Хем – Фрајбург 2-0