Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 9 месеци од трагедијата „Пулс“
Македонија

9 месеци од трагедијата „Пулс“

16/12/2025

AA

„Не познавам ниту една личност што сум ја сретнала, а да не познава никого што бил погоден“. Оваа реченица кажана вечерва од Амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер најдобро ја опишува болката која ја чувствува Макеоднија од трагедијата во Кочани.

Денеска се навршуваат точно девет месеци од кобната ноќ на 16-ти март, кога животот во пожар го изгубија 63 лица.

„Тоа најтажното нешто што се случило откако сум тука. Тоа е неверојатно емотивно. И верувам дека тоа е можно да им се покаже на сите граѓани затоа што, искрено, ова е мала држава. Сите беа погодени од Кочани“, изјави амбасадорката вечерва во гостување на Телевизија Сител.

Девет месеци откако времето застана за 63 семејства во Кочани и за цела една нација која немо сведочеше на една од најтешките трагедии во поновата историја. Додека градовите веќе се китат за предновогодишната еуфорија, Кочани денеска повторно е обвиено во тишина и мирис на изгорени спомени.

Беше 02:35 часот по полноќ кога забавата во клубот „Пулс“ се претвори во пекол. Пиротехниката, запалена во преполн затворен простор, за неколку секунди го зафати лесно запаливиот плафон. Билансот беше поразителен: 63 згаснати млади животи и над 200 повредени, кои и денес ги носат лузните – и на телото и на душата.

Она што следеше во месеците по трагедијата, не беше само тага, туку и бес. Истрагата, која јавноста ја следеше под лупа, откри шокантна низа на пропусти: клубот работел без соодветни дозволи за противпожарна заштита, а институционалните лавиринти дозволиле „Пулс“ да пулсира и покрај очигледните ризици.

„Ова не беше несреќа, ова беше убиство од небрежност и алчност,“ е реченицата што ечи на протестите веќе девет месеци. Од првичниот шок и деновите на жалост, преку масовните демонстрации во мај и бојкотот на институциите, родителите на жртвите прераснаа во симбол на отпорот против корупцијата.

Денес, девет месеци подоцна, очите се вперени во Кривичниот суд. Обвинителниот акт опфаќа над 30 лица – од сопственици и менаџери, па сè до инспектори и поранешни функционери.

За семејствата, 16-ти во месецот не е само датум, туку потсетник на празнината што никогаш нема да се пополни.

„Секој 16-ти е ист. Се будиме со истата болка. Не бараме одмазда, бараме правда за нашите деца да можат да почиваат во мир, а ние да знаеме дека некој одговарал што ги испрати во смртна стапица,“ – велат родителите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy