
84-годишна битолчанка измамена за 9.600 евра – лажен лекар ѝ побарал пари за „итна операција“
Во текот на вчерашниот ден во СВР Битола, 84-годишна битолчанка пријавила дека била измамена за сума од 9.600 евра.
Според пријавеното, ѝ се јавили маж, кој се претставил како лекар и ѝ кажал дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција за што требало да плати.
Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
