Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 70 гласа за: Собранието го усвои законот за субвенциониран студентски оброк
Македонија

70 гласа за: Собранието го усвои законот за субвенциониран студентски оброк

26/04/2023

AA

Собранието на денешната 111 седница го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за субвенциониран студентски оброк, поднесен од пратениците од владејачкото мнозинство Моника Зајкова, Санела Шкријел, Боби Мојсовски, Даниела Николовска и Жаклина Лазаревска. Законот беше усвоен со 70 гласа „за“ и ниту еден „воздржан“ или „против“.

Во расправата пред гласањето, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, ги спомена забелешките и од комисиската расправа околу овој закон, односно за картичкиот систем и за зголемување сумата.

– И при комисиската расправа имавме две суштински забелешки – едниот беше за системот кој што се планира да се воведе, кој е картичниот систем и кој еднаш веќе бил како предлог да се воведе, но не успеал, затоа што претходниот пат ниту една банка не се пријавила на повикот на МОН, и втората забелешка покачување на сумата на 160 денари наместо досегашните 120 денари, рече Стојаноски.

Пратеничката од редовите на владејачката коалиција, Санела Шкријељ, во реплика рече дека не точно дека еднаш имало објавено повик за ваков картичен систем.

– Никогаш немало објавено јавен повик за ваков картичен систем. Причината зошто досега така течела исплата е затоа што во моментот кога требаше да стартува овој закон, се наоѓавме во сред пандемија, рестораните и останатите места не работеа и едноставно беше невозможно да се имплементира, така како што е замислено, а знам дека и вие го поддржувате тоа студентите да добија субвенција за здрав оброк, истакна Шкријељ.

Освен тоа, таа потврди дека дневната сума се зголемува од 120 на 160 денари и дека таа ќе се усогласува со инфлациската стапка после секоја фискална година. Според неа, ова е начин за да нема честа расправија околу сумата толку често, туку таа да се одредува според стапката на инфлација.

Таа додаде дека студентите ќе можат да ја користат субвенцијата од понеделник до сабота и дека со оваа измена, тие ќе можат да ја користат субвенцијата и за време на верските празници.

Претходно во Собранието беше донесен и Долгорочниот план за развој на одбранбените способности 2023-2032.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy