
7 километри се градат 3 години, за 6,3 милиони евра од денеска раскопани уште 4 на автопатот Петровец-Катланово
Седум километри од автопатот Петровец-Катланово се градат веќе три години. Поради тоа се вози во посебен сообраќаен режим, односно насоката од Катланово кон Скопје вози во една коловозна лента од спротивната насока.
Како ова да не беше доволно, од денеска и дополнителни километри се раскопани, па сега од Петровец до Катланово ќе се вози по една сообраќајна лента.
Вкупната должина на рехабилитацијата со проширување на автопатот А1, делница Петровец – Катланово изнесува 10,7 километри, а инвестицијата е во висина од 6,3 милиони евра.
За коловозна лента од Петровец кон Скопје сега се користи првата лента за запирање која е во очајна состојба полна со дупки.

Премиерот Ковачевски изрази надеж дека градежните работи на делницата, која е предвидено да се заврши до крајот на годинава, ќе биде брзо реализирана.
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми потенцираше и дека работат на други проекти долж Коридорот 10. Тој рече дека годинава почнуваат со рехабилитација на најоштетените делови на автопатот А1 во делот кај Неготино.

Вкупната должина на рехабилитацијата со проширување на автопатот А1, делница Петровец – Катланово изнесува 10,7 километри, а инвестицијата е во висина од 6,3 милиони евра.
