
7.500 државни коли – граѓаните плаќаат, функционерите се возат
Македонија е на врвот во регионот по број на службени возила – околу 7.500 автомобили за кои трошоците ги покриваат граѓаните. Владата признава дека нема централен регистар ниту точна сума колку чини нивното одржување.
Од следниот месец сите државни автомобили ќе добијат црвени таблички, како обид да се намали приватната злоупотреба. Во споредба, Србија има 6.000, Црна Гора 4.700, а Словенија само 3.900 возила.
Антикорупциската комисија предупредува дека службените коли редовно се користат во изборни кампањи и бара строги правила и казни.
