Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 682 платни налози издадени по интензивните сообраќајни контроли низ Македонија
Македонија

682 платни налози издадени по интензивните сообраќајни контроли низ Македонија

06/03/2025

AA

Со бројката од вкупно 682 издадени платни налози за сторени прекршоци по основ на одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила беа заокружени вчерашните (05.03.) интензивни и плански активности на полициските службеници при МВР во делот на сообраќајните контроли на патиштата низ земјава.

Притоа, во рамки на посочената бројка, а по основ на преовладувачките прекршоци што ги прават учесниците во сообраќајот – неправилно паркирање и возење со брзина поголема од дозволената, беа евидентирани 204, односно 136 прекршоци. Покрај ова, без возачка дозвола регистирани беа 68 возачи, потоа 63 учесници во сообраќајот беа санкционирани за некористење сигурносен појас, а 27 – за користење на мобилен телефон при возење.

Исто така, според статистичките податоци, во пет случаи возачи минале на црвено светло, во четири случаи кај возачи било утврдено возење под дејство на алкохол, 11 возачи на моторцикли се санкционирани заради неносење заштитен шлем, а санкционирани биле и 22 пешаци.

По основ пак на Законот за возила 17 возила се отстранети од сообраќај затоа што биле нерегистрирани, а девет заради техничка неисправност.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗИМАТА СЕ ВРАТИ Ладниот бран носи обилни врнежи, на планините

22/04/2026
Македонија

🎥 МИЦКОСКИ ГИ ПОВИКА ИСЕЛЕНИЦИТЕ ВО АВСТРИЈА ДА СЕ ВРАТАТ

22/04/2026
Македонија

ОТВОРЕНО СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО РАКОМЕТ ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ Скопје домаќин на

22/04/2026
Македонија

ИДНИОТ РУДНИК ЗА АНТИМОН ЌЕ ДОНЕСЕ НОВИ ТЕХНОЛОГИИ И РАЗВОЈ

22/04/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ Е ТРЕТ ВО НИЗАТА ВО СДСМ ШТО ИЗВРШУВА ПРЕДАВСТВО

21/04/2026
Македонија

„МИЛЕ, ЗЛАТО СИ, ЧЕСТАМ РУЧЕК“, „ПОЛОЖЕН ТИ Е СО 93,33“

21/04/2026
Македонија

НЕ МОЖЕ ДА СТАНЕ ПРАТЕНИК НЕКОЈ СО ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО Во

21/04/2026
Македонија

Величковски: Ветинг мора да има!

21/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42742
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЗИМАТА СЕ ВРАТИ Ладниот бран носи обилни врнежи, на планините снег

22/04/2026

Територијата на Македонија во изминатите 24 часа (до 8 часот утрово, 22 април 2026, среда) се наоѓаше под влијание на

🎥 МИЦКОСКИ ГИ ПОВИКА ИСЕЛЕНИЦИТЕ ВО АВСТРИЈА ДА СЕ ВРАТАТ И ДА ИНВЕСТИРААТ ВО МАКЕДОНИЈА

22/04/2026

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Виена се сретна со наши сограѓани од македонската дијаспора, со кои, како што објави на

ОТВОРЕНО СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО РАКОМЕТ ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ Скопје домаќин на над 700 млади ракометари од

22/04/2026

Со свечено дефиле на учесниците и културно-уметничка програма на плоштадот Македонија вечерва во Скопје официјално е отворено Светското училишно првенство

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy