
„63 километри за 63 анѓели“ – спортски настан во спомен на жртвите од Кочани
Во знак на сеќавање на 63-те лица кои го загубија животот во трагедијата во Кочани, ќе се одржи спортско-меморијален настан под мотото „63 километри за 63 анѓели“.
Иницијативата е на здружението „Ултра“, со поддршка од здружението „16 март“ и група млади велосипедисти, кои преку симболичен спортски предизвик ќе оддадат почит на жртвите.
Настанот ќе се реализира на 15 март, ден пред годишнината од трагедијата. Предвидено е учесниците да трчаат и да возат велосипед на релација Штип – Кочани – Штип, во должина од 63 километри, бројка што симболично го претставува бројот на загинатите.
Организаторите информираат дека право на учество имаат сите заинтересирани кои се полнолетни, физички подготвени, имаат искуство со управување велосипед и располагаат со соодветна опрема. Целта, како што посочуваат, е преку заедништво и спорт да се одбележи споменот на жртвите и да се испрати порака на солидарност.
Пријавете се тука.

