Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 53 наставници предаваат во турски паралелки иако не го познаваат јазикот, па турските ученици учат на македонски
Македонија

53 наставници предаваат во турски паралелки иако не го познаваат јазикот, па турските ученици учат на македонски

09/11/2025

AA

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврди директна дискриминација врз основа на јазик врз група ученици од турската заедница во едно средно училиште во земјава.

Постапката е поведена по претставка поднесена во јуни 2025 година , во која се наведува дека во гимназијата, иако формално постојат 8 паралелки со вкупно 120 деца кои се водат како турски, во реалноста само предметот турски јазик и литература се изведува на турски јазик. Сите останати предмети се изведуваат на македонски јазик.

Претседателот на КСЗД, Лимко Бејзароски, на 30 септември 2025 година извршил увид во училиштето. Притоа, било констатирано:

Директорот на училиштето во својот одговор навел дека сите огласи за прием на наставници се однесувале за настава на македонски јазик. Ова го оправдал со претходна информација добиена од Агенцијата за вработување (АВРМ), според која на територијата на двете општини немало ниту еден пријавен невработен наставник од турска националност. Поради ова, училиштето воопшто не распишало огласи за потребите на паралелките на турски наставен јазик.

Министерството за образование и наука (МОН) исто така не се согласило дека ова е дискриминација. Од таму навеле дека тие ја регулираат наставата на турски јазик, даваат согласности за огласи и доделуваат стипендии за да се стимулираат учениците да се запишуваат на наставнички факултети. МОН смета дека и самата турска заедница треба да преземе активности за мотивирање на матурантите да изберат наставнички факултети.

Комисијата утврдила дека изговорите на училиштето „не може да се сметаат за оправдани“. Според КСЗД, училиштето не смеело однапред да претпостави кој ќе се пријави на јавен оглас.

„На истиот може да се пријават сите лица кои имаат државјанство на Република Северна Македонија, како и наставници со соодветно образование од друга националност кои го познаваат турскиот јазик и писмо“, се вели во Мислењето на Комисијата.

Со тоа што училиштето воопшто не објавило оглас за наставници за турските паралелки (несторување), тоа постапило понеповолно кон учениците од турска националност и ги спречило да го остварат своето право на образование на мајчин јазик, загарантирано со Законот за средно образование.

Комисијата му даде неколку препораки на училиштето и на МОН:

Доколку училиштето не постапи по препораката во дадениот рок, Комисијата најави дека ќе поведе прекршочна постапка пред надлежен суд.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕ ПОДДРЖУВАМ НАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА ВТОРИОТ ПЕНЗИСКИ СТОЛБ Мицкоски вели дека

24/11/2026
Македонија

ГЕРАПЕТРИТИС МУ ЧЕСТИТАШЕ НА МУЦУНСКИ Грција го пофали напредокот во

23/11/2026
Македонија

КАШЕСТ СНЕГ НА ПАТИШТАТА ВО ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА „Македонијапат“ предупредува и

23/11/2026
Македонија

20 ОТСТО ПОЕВТИНИ СТАНОВИ ЗА МЛАДИ БРАЧНИ ПАРОВИ Мицкоски најави

23/11/2026
Македонија

ФОРМИРАН НАЦИОНАЛЕН КОМИТЕТ ЗА ЗАШТИТА НА НОВИНАРИТЕ Ќе се следат

23/11/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА ИДНИНА СЕ ГРАДИ СО РАБОТА, А НЕ СО ПОЛИТИЧКИ

23/11/2026
Македонија

ЛАЖЕЛ ДЕКА ТУРЦИТЕ ИМААТ ПРОБЛЕМ СО ПРЕСТОЈОТ, ПА ЗЕЛ ПОТКУП

23/11/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ЌЕ ГИ ТРГА ПАРКИРАНИТЕ ВОЗИЛА ОД ТУРИСТИЧКА Засилени мерки

23/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46902
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕ ПОДДРЖУВАМ НАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА ВТОРИОТ ПЕНЗИСКИ СТОЛБ Мицкоски вели дека неколку опции ќе се разгледат

24/11/2026

Сите реформи кои се правени во вториот пензиски столб во Европа имаа неколку сценарија, едно е национализација и тука ќе

ГЕРАПЕТРИТИС МУ ЧЕСТИТАШЕ НА МУЦУНСКИ Грција го пофали напредокот во дигитализацијата и реформите

23/11/2026

Македонија постигнала значителен напредок во дигиталната трансформација, усогласувањето со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија и реформите во

КАШЕСТ СНЕГ НА ПАТИШТАТА ВО ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА „Македонијапат“ предупредува и на можни одрони

23/11/2026

Сообраќајот на државните патишта вечерва се одвива по влажни коловози, а во западните делови од земјата, на некои повисоки места,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy