
51-годишeн гостиварец си ја претепал вонбрачната партнерка
Ноќеска (24 ноември) четириесетина минути по полноќ, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 51-годишниот гостиварец Б.А..
Претходно, тој бил пријавен од неговата 36-годишна вонбрачна партнерка дека во нејзиниот дом во Гостивар физички ја нападнал.
Задржан е во Полициската станица Гостивар и по документирање на случајот против него ќе следува поднесок.
