Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 50 КВАДРАТИ НА МОРЕ ЗА 35.000 ЕВРА: Ова се цените на имотите покрај плажа, еве кои земји имаат добра понуда
Регион

50 КВАДРАТИ НА МОРЕ ЗА 35.000 ЕВРА: Ова се цените на имотите покрај плажа, еве кои земји имаат добра понуда

17/05/2023

AA

Иако инфлацијата завладеа и во областа на недвижностите, постојат локации каде што може да се најдат станови по пристојни цени

Сезона е на купување и барање стан покрај море. Понудата е голема, цените варираат, Грција и Црна Гора традиционално се најпопуларни, но и некои други пазари добиваат на популарност.

И додека побарувачката за станови во Грција расте, се поставува прашањето – колку чини да имате сопствен простор до плажа, во некоја од земјите во нашата околина? Иако инфлацијата се зафати во областа на недвижностите, постојат локации каде што може да се најдат станови по пристојни цени, како што е, на пример Албанија. Еве како се движат цените низ земјите во соседството:

Албанија

Наместен стан во Голем недалеку од море чини околу 44.500 евра за 63 квадрати. Можете да најдете и гарсоњера од 50 квадрати по цена од 35.000 евра, наместен.

Становите во Шењин на 90 метри од море, од 63 квадрати, чинат 51.500 евра, но не се наместени. Стан од 65 квадрати кај плажата Манго во Саранда чини 58.000, додека двособен стан од 48 квадрати во Орикум после Валона чини 48.000 евра.

Сè на сè, кој сака да купи стан на брегот на оваа земја, може да пронајде имот и за 1.000 евра за квадрат.

Босна и Херцеговина

Неум е мало место и единствено во оваа земја што се отвора кон морето. Во овој поглед, има помалку имоти, па тие се поскапи.

Така, стан од 37 квадрати чини околу 62.000 евра. Двособен стан од 56 квадрати 121.200 евра.

Во ова гратче, пак, се продаваат повеќе куќи, па куќа од 160 квадрати веднаш до море чини 665.000 евра.

Хрватска

Како и претходните години, Хрватска води по цените на недвижностите, што го покажуваат новите резултати на Евростат, кои забележуваат дека становите во оваа земја поскапеле за 17,3 отсто.

Наместен стан во близина на плажа, во Штинјан кај Пула, со површина од околу 65 метри квадратни чини околу 210.000 евра. Од друга страна, пентхаус од 82 квадрати со поглед на море во Цриквеница чини 390.000 евра.

Трособен стан со поглед на море во Макарска со површина од нешто помалку од 100 квадрати е 285.000 евра, а од плажа е на 15 минути пешачење.

Во Опатија голем стан од 280 квадрати со поглед на море чини дури 798.000 евра.

Затоа би се рекло дека стан покрај море во Хрватска не може да се најде за помалку од 3.000 евра за метар квадратен.

Црна Гора

Во Црна Гора цените на становите се многу високи и сопствениците најчесто ги издаваат на една година. Меѓутоа, доколку сакате нов еднособен стан во Рафаиловиќи, со површина од 40 метри квадратни, ќе ве чини околу 147.000 евра.

Будва е значително поскапа, па гарсоњера која е оддалечена 250 метри од морето, со површина од 22 метри квадратни, чини 75.000 евра.

Од друга страна, гарсоњера од 36 м2 во нов комплекс во Бар може да се најде по цена од 72.000 евра.

Еднособен стан во Сутомор чини 98.300 евра за 52 квадрати. Споменатиот имот е на 250 метри од море.

Овие бројки водат до заклучок дека дури и уживањето во поглед на морето во Црна Гора не е евтино и дека е неопходно да се издвојат значителна сума пари, дури и ако планирате да купите многу мал гарсоњера.

На крајот, кога се купува недвижен имот покрај море, најевтино би било во Албанија. Освен ако не сакате да отпатувате малку подалеку – во Грција.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy