
5 степени според Рихтеровата скала ја потресе Калифорнија
Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на Калифорнија, објави Ројтерс, повикувајќи се на Американскиот геолошки институт.
Земјотресот се случил на длабочина од 8 километри под океанското дно во близина на северниот брег на југозападната американска држава.
Нема информации за жртви или материјална штета, ниту пак е издадено предупредување за цунами.
