Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 450 пациенти можеби биле изложени на ХИВ и хепатитис во болница во САД
Македонија

450 пациенти можеби биле изложени на ХИВ и хепатитис во болница во САД

17/11/2023

AA

Речиси 450 луѓе можеби биле изложени на инфекција со ХИВ, хепатитис Б и Ц во болница во Салем во Масачусетс, САД, објавија американските медиуми. Како причина се наведува неправилната администрација на интравенски лекови.

Потенцијалната зараза опфаќа период од приближно две години. Станува збор за пациенти на кои им била потребна ендоскопија, процедура во која лекарите користат мала камера која се вметнува во телото на човекот за да бараат разни болести.

Болницата стана свесна за можноста за инфекција на почетокот на годината и ординацијата за ендоскопија веднаш беше корегирана, велат од болницата.

„Искрено им се извинуваме на оние кои беа погодени“, рекоа тие.

Можноста некој од пациентите да бил навистина заразен со болестите е исклучително мала и до денес никој не пријавил дека има такви инфекции по ендоскопија во болница.

Поранешните пациенти моментално се тестираат за ХИВ и за двата типа на хепатитис. Медицинската установа ги предупреди за потенцијалната инфекција преку својот онлајн портал.

Од извештаите не е јасно како точно се случило загадувањето.

И покрај строгите медицински протоколи кои постојат ширум светот, пациентите се уште одвреме-навреме се изложени на разни болести. Во 2018 година, повеќе од 3.000 луѓе повторно беа изложени на ризик од хепатитис и ХИВ кога беа користени ‘рѓосани медицински инструменти во болница во Њу Џерси.

Во 2008 година, речиси 63.000 пациенти беа изложени на потенцијален ризик од заразување со хепатитис Ц поради лошите практики во две клиники за ендоскопија во Лас Вегас.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗАТВОРЕН ПАТОТ КОН ГРАНИЦАТА СО ГРЦИЈА Сообраќајна несреќа во Битолско,

21/11/2025
Македонија

ФОТО Падна столб од улично осветлување во Битола

21/11/2025
Македонија

Во прекин сообраќајот на патот Битола – ГП „Меџитлија“, има

21/11/2025
Македонија

СРБИН ПРЕВЕЗУВАЛ 10 КИНЕЗИ ВО ПРИКОЛКА, ДВАЈЦА ЗАГИНАА КАЈ ВАЛАНДОВО

21/11/2025
Македонија

Мислел ќе сокрие: Бизнисмен од Скопје тајно го продал имотот

21/11/2025
Македонија

Алиу: Вработувањата во здравство од сега според реалните потреби, а

21/11/2025
Македонија

Поплавен е теренот: Одложен натпреварот Пелистер – Шкупи!

21/11/2025
Македонија

🎥 ПОПЛАВЕНИ НАД 50 КУЌИ ВО РЕСЕНСКО, СЕ ИЗЛЕАЈА БОЛНСКА

21/11/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 37933
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy