
44 лица загинале во сообраќајни несреќи од почетокот на годинава во Македонија
Утре ќе бидат погребани трите лица кои животот го загубија во водите на Лепенец откако паднале со автомобилот по сообраќајна несреќа предизвикана кога се обиделе да ја преминат колоната.
Претекнување на колоната од страна на шоферот Б.Б. на патот Скопје-Блаце и судирот со автомобил со косовски таблички е причина по што истиот паднал во реката Лепенец при што загинаа три лица.
Статистиката на МВР покажува дека само од јануари до мај оваа година, во сообраќајни несреќи настрадале 44 лица.
Минатата година се случиле 7806 сообраќајни несреќи и имало 124 жртви.
Универзитетскиот професор по безбедност Башким Селмани вели дека институциите на полицијата повеќе се фокусирани на казнување на граѓаните отколку да ги спречат ризиците, пишува ТВ21.

