
43-годишниот Дарко Паскоски го фати светиот крст во водите на реката Црн Дрим во Струга
43-годишниот Дарко Паскоски од Струга беше најсреќен меѓу големиот број верници што денеска скокнаа во студените води на реката Црн Дрим и го извади светиот крст.
Паскоски, традиционално секоја година скока во осветените води на Црн Дрим, а ова е четврти пат да го фати светиот крст.
„Секоја година за Богојавление скокам по крстот во светите води на реката Црн Дрим. Четврти пат го фаќам и сакам традицијата да продолжи и крстот да влезе во секој дом“, истакна Паскоски.
