
42 на Попова Шапка, 23 сантиметри во Маврови Анови – снежна покрива низ Македонија
Минимални температури: Најстудено беше во Берово, каде температурата се спушти до 1°C, додека највисока минимална температура од 9°C беше измерена во Охрид и Дебар.
Наврнат воден талог: Во изминатите 24 часа, 1 литар на метар квадратен дожд беше забележан во Маврови Анови и Пожаране.
Снежна покривка: Попова Шапка и натаму предничи со снежна покривка од 42 cm, следена од Маврови Анови со 32 cm и Крушево со 7 cm.
Состојба утринава: Времето беше променливо облачно со магла по одделни котлини. Во Тетово хоризонталната видливост беше ограничена на 500 метри. Ветерот дуваше слаб до умерен од јужен правец.
Прогноза за денес: Денот ќе биде сончев и релативно топол со мала до умерена облачност. Ветерот ќе дува слаб до умерен, претежно од јужен правец. Во котлините се очекува магла или ниска облачност. Максималните температури ќе се движат од 6°C до 15°C.
Скопје: Претежно облачно и тивко време со магла. Максималната температура ќе достигне до 6°C.