Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 40 минути го реанимирале 6 годишното девојче кое почина во Битола, пред една недела почина дванаесетгодишник
Македонија

40 минути го реанимирале 6 годишното девојче кое почина во Битола, пред една недела почина дванаесетгодишник

24/03/2023

AA

„Детето немаше никакви проблеми ниту заболувања. Нормално си играше, трчаше. Не се задишуваше“, вака започнува да раскажува 36 годишниот Стојче Христовски од битолското село Кравари чија ќерка Јана која имала само шест години вчера почина во Клиничката болница во Битола.

ХРОНОЛОГИЈА

„Ние сакавме да ја носиме на матичен лекар, нејзината докторка, арно ама таа беше попладне,  после два саатот. На телефон ни се јави и рече да ја однесеме Јана в болница, на детско да не се мачи да чека до попладне. Два дена пред тоа, фактички пред три, не знам точно, се тушираше со братот, се капеа и малку и пристуде. Другиот ден ни поткрена температура ама ништо, 37 со 7-8. И дадовме сирупче, спадна температурата. Вечерта си спиеше, немаше никаков проблем, ни температура, ни ништо. Следниот ден, после ручек и се појави оток кај очињата, горе, и се жалеше од ноџињата. Велеше – ме болат ноџињата, мускулите“, вели таткото Христовски.

Поради неколку дневни симптоми на настинка, двајцата родители со сопствено возило одлучуваат малата Јана да ја превезат во Клиничкиот центар. Јана сама се качува во колата без проблеми. По 15-минути возење, пристигнуваат во Болницата. Поради омалаксаноста од симптомите на настинка, таткото одлучува да ја крене во раце и така да ја носи до детското одделение во Битола.

По првиот преглед докторката одлучува веднаш да се направи крвна слика, а пред тоа веднаш бил измерен и шеќерот. Според сведочењето на родителите тој бил 9-ка. Подоцна тоа било нагласено и во лабораторијата.

„И ставија инфузија, а резултатите ни рекоа после 12 часот дека ќе бидат готови. Тие на детско пак ѝ извадија уште две епрувети крв и ме пуштија и тие да ги однесам во лабораторија. За таа крв резултатите рекоа дека ќе бидат готови после еден, еден и пол. Дури таа што беше на шалтер рече – пауза е сега, гледаш колку е саатот, ама арно се погоди колегата нејзин и рече – ама за петгодишно девојче се работи, зема човекот ја внесе крвта ама ако се сомневаат во нешто требаше побрзо да бидат резултатите. Резултатите не ги видоа, почнаа со инфузии и рекоа дека шеќерот бил покачен од што повратила“, вели таткото.

Наводно лекарите повторно се обидувале да и дадат втора инфузија, но не можеле да најдат вена во која може да боцнат, бидејќи сите пукале.

Неговата сопруга на шишето од инфузијата прочитала дека се работи за гликоза, 500 милилитри и дека со живот гарантира дека и дале шеќер на ќерката иако измериле девет единици.

КОГА И КАКО СЕ ВЛОШИЛА СИТУАЦИЈАТА

„Откако истече инфузијата ситуацијата почна да се влошува. Го мерат пак шеќерот, тој 19 и се обидуваат втора инфузија да стават. Арно ама не можат вена да му најдат на чупето. Кај што ќе мавнеле со иглата избивала крв. Од тогаш се комплицираат работите. Ја пренесоа во друга сала, тука од карши кај што има кислород и такви работи. Ми се јави по телефон сопругата и ми вели – влегувај, лоша е ситуацијата, се искомплицира, исплашена. Влегов, седеше внатре на едно столче, јас стоев сѐ се гледаше преку стаклата. Викнаа од ансетезиолозите, ѝ ставија нешто и се поткрена малку. Ја прашаа како се вика, рече Јана,  сѐ се слушаше и ја гледавме. Имаше наредено штипчиња за срцето да го следат, за пулсот, кислород… Се поврати чупето, си заминаа анестезилозите што беа. По пет до десет минути чупето пак почна да се губи. Тука веќе настана хаос. Ѕвонеа пак по телефони да дојдат анестезиолозите, една чистачка што беше тука ја пуштаа некаде, кажуваа оди земи ова, таа оди се враќа вели нема клуч, не знам каде е клучот. Веќе тука беше крајно. Јас гледав преку стаклото. Пробаа со електрошокови, со масажи на градите за да ја вратат, но ништо. Многумина беа тука собрани, не можев убаво да гледам. Можеби имаше пет-шестмина доктори, медицински персонал. Тука веќе ми беше јасно, ја ставија на еден кревет за да не ја носат на интензивна горе, тоа е на вториот кат, ама веќе се гледаше дека чупето нема знаци на живот. Ја масираа по градите ама тоа беше само колку да не ни кажат тука“, со грутка во грлото кажува таткото за Макфакс.

Откако ја качиле Јана на интензивна нега, околу 12 часот иако веќе не покажувала знаци на живот, лекарите и сестрите престанале да контактираат со нив и цели речиси три часа не можеле да дознаат што се случува со нивната ќерка. Шетале во ходникот и прашувале како е Јана секого што ќе го сретнеле.

ОБДУКЦИЈА

Сега семејството Христовски ги чекаат резултатите од обдукцијата по што ќе знаат како ќе постапат понатаму дали ќе бараат одговорност за лекарска грешка. Малата Јана ќе биде погребана утре на селските гробишта во Кравари.

ВТОРО ДЕТЕ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА

Пред само една недела дванаесетгодишно дете од битолското село Лера од страна на неговите родители, било донесено мртво во Клиничката болница во Битола. Безуспешни биле сите обиди на лекарите за реанимација на момчето.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ЛОВЕШЕ БЕЗОБЅИРНИ ВОЗАЧИ Приведени двајца пијани и десетмина без

11/04/2026
Македонија

Три лица приведени за семејно насилство во последното деноноќие

11/04/2026
Македонија

ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА ПАЃААТ Дизелот ќе се намали за 2,5

11/04/2026
Македонија

Приведени 12 возачи за безобѕирно управување возило – 10 возеле

11/04/2026
Македонија

Мицкоски најави поевтинување на горивата пред Велигден: Бензинот под 1,5,

11/04/2026
Македонија

Управувал возило со 3,18 промили алкохол во крвта – полицијата

11/04/2026
Македонија

ШВАЈЦАРЕЦ И ГЕРМАНЕЦ НАПАДНАЛЕ ПОЛИЦАЈЦИ Драма во битолско, уапсени двајца

11/04/2026
Македонија

Мицкоски најави можно намалување на цените на горивата

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42379
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЛИЦИЈАТА ЛОВЕШЕ БЕЗОБЅИРНИ ВОЗАЧИ Приведени двајца пијани и десетмина без дозвола

11/04/2026

Дванаесет возачи се приведени во изминатото деноноќие поради безобѕирно управување возило, при што најголемиот дел од нив биле зад волан

Три лица приведени за семејно насилство во последното деноноќие

11/04/2026

На 11.04.2026 во 02:35 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода М.Б.(55) од Штип, постапувајќи

ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА ПАЃААТ Дизелот ќе се намали за 2,5 денари, бензините за 1,5 денари,

11/04/2026

Дизелот ќе поевтини за 2,5 денари за литар, а бензините Еуросупер 95 и Еуросупер 98 за 1,5 денари, најави денеска

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy