Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 40% БАРААТ СМЕНА НА КОЦЕВСКИ, 73% СЕ ПРОТИВ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА СУДИИТЕ Граѓаните незадоволни од правосудниот систем и бараат реформи
Македонија

40% БАРААТ СМЕНА НА КОЦЕВСКИ, 73% СЕ ПРОТИВ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА СУДИИТЕ Граѓаните незадоволни од правосудниот систем и бараат реформи

13/12/2025

AA

Последното истражување на јавното мислење спроведено од МКД.мк преку агенцијата Маркет вижн открива дека македонските граѓани не се задоволни од работата на судиите и јавните обвинители во правосудниот систем.

Најголем дел од испитаниците сметаат дека судиите и јавните обвинители не заслужуваат зголемување на месечните примања, а повеќе од 40 отсто од граѓаните се за смена на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

Според анкетата, на прашањето дали судиите и јавните обвинители заслужуваат повисоки плати, дури 73,6 отсто од испитаниците одговориле негативно. Само 14,8 отсто сметаат дека зголемувањето на буџетот за македонското правосудство е оправдано.

Најголем дел од граѓаните сметаат дека ситуацијата во судството нема да се подобри дури и ако судиите и обвинителите добијат повисоки плати.

Во однос на работата на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, 42,3 отсто од испитаниците дале негативна оценка за неговата работа, додека 22,2 отсто сметаат дека тој добро ја врши својата функција. За смена на Коцевски се изјасниле речиси 40% од граѓаните.

Анкетата беше спроведена од 25 ноември до 6 декември 2025 година, со употреба на CAТI метод – телефонско анкетирање со помош на компјутер, на примерок од 1.200 испитаници. Примерокот е репрезентативен на ниво на целата држава според регион, пол, возраст и етничка припадност, согласно податоците од пописот 2021 година.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy