Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 4 ГОДИНИ ЗАТВОР МУ СЕ ЗАКАНУВААТ НА ВОЗАЧОТ КОЈ ГО УСМРТИ ЈОРГО ЌУКА Возел со 53 км на час на пешачки премин
Македонија

4 ГОДИНИ ЗАТВОР МУ СЕ ЗАКАНУВААТ НА ВОЗАЧОТ КОЈ ГО УСМРТИ ЈОРГО ЌУКА Возел со 53 км на час на пешачки премин

02/01/2026

AA

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 37-годишен скопјанец за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

На обвинетиот му се става на товар дека на 03.11.2025 година, околу пладне, управувал автомобил „фолксваген пасат“ по булеварот Гоце Делчев во Скопје, но не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето.

Пред крстосницата со улицата Лазар Личеноски, на пешачки премин не ја намалил брзината и возел 53 км/час, односно повеќе од дозволеното во населеното место. Не можел навремено да запре и со предниот дел од возилото удрил во велосипед кој поминувал по пешачкиот премин. Од ударот, велосипедистот Јорго Ќука се здобил со тешки телесни повреди од кои починал на лице место.

За ова кривично дело е запретена затворска казна од најмалку четири години, односно настанот е квалификуван како најтешко кривично дело од областа на сообраќајот.

 

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Силен раст на продажбата на новоградби, Аеродром предничи со најмногу

05/08/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПОД ПОРТОКАЛОВ АЛАРМ: Топлотниот бран ја зафати целата земја,

05/08/2026
Македонија

Внимателно со подигнувањето готовина на банкомати во странство!

05/08/2026
Македонија

Уапсена снаа од Кавадарци, и се заканувала на свекрвата!

04/08/2026
Македонија

Сосед истепал сосетка во скопски Петровец

04/08/2026
Македонија

Временска прогноза за следните 14 дена: Не очекува топол бран

04/08/2026
Македонија

ЦУК: Регистрирани 14 пожари на отворен простор — активен само

04/08/2026
Македонија

44 акциски контроли за санкционирање на незаконит риболов во јуни

04/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44857
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Силен раст на продажбата на новоградби, Аеродром предничи со најмногу продадени станови

05/08/2026

Според најновиот Извештај од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности за периодот април – јуни

МАКЕДОНИЈА ПОД ПОРТОКАЛОВ АЛАРМ: Топлотниот бран ја зафати целата земја, температурите достигнуваат критични вредности

05/08/2026

Целата територија на Македонија се наоѓа во портокалова фаза поради силниот топлотен бран што го зафати регионот. Според најновите метеоролошки

Внимателно со подигнувањето готовина на банкомати во странство!

05/08/2026

Народната банка на Република Северна Македонија упати апел и корисни насоки до граѓаните кои патуваат надвор од државата, со цел

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy