Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 371 лице лани биле следени тајно во Македонија
Македонија

371 лице лани биле следени тајно во Македонија

24/06/2025

AA

Во 2024 година значително е намален бројот на случаи во кои биле користени посебни истражни мерки – од 87 случаи во 2023 на само 35. Но, бројките покажуваат дека мерките биле далеку поопфатни и поефикасни.

Според најновиот извештај на Јавното обвинителство, со мерките биле опфатени 363 лица со утврден идентитет, 8 лица со неутврден идентитет, како и 163 предмети на кривично дело, што претставува зголемување за 75% кај предметите во однос на лани.

Најчесто користена била мерката за тајно следење и снимање лица и предмети надвор од домот, применета во 26 случаи. Веднаш зад неа е следењето на телефонски и електронски комуникации, користена во 25 случаи. Обете мерки резултирале со отворање истраги против вкупно 83 лица, а 34 од нив се веќе обвинети или осудени.

Посебни истражни мерки се применувале и за симулиран откуп, поткуп, користење прикриени истражители и контролирана испорака – сите со реални резултати: пресуди и спогодби.

Интересен е податокот дека во два случаи иницијативата за следење не дошла од МВР, туку директно од обвинителството, што укажува на засилена улога на обвинителството во борбата против организираниот криминал и корупцијата.

„Овој вид мерки се користи исклучиво кога нема друг начин да се прибават докази. Тие се средство, не цел, и клучен елемент за успешен кривичен прогон,“ се наведува во заклучокот на извештајот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026
Македонија

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026
Македонија

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ

09/09/2026
Македонија

Скандал во Советот на Град Скопје: Разрешен Училишниот одбор на

09/09/2026
Македонија

Македонските ученици со нов пад – математиката им е најслаба

09/09/2026
Македонија

Сопственикот на „Пулс“ за неполн месец излегува од притвор

09/09/2026
Македонија

Сеопфатното сексуално образование оди на ревизија, МОН го повлече предметот

09/09/2026
Македонија

Ангелов: Нема алармантни пожари, но опасноста од нови разгорувања останува

09/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45596
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026

Директорот на КПУ Затвор „Скопје“ во Шутка, Бобан Утковски, поднесе оставка од својата функција. Документот за повлекување веќе е доставен

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026

Бугарската агенција за безбедност на храната (BFSA) го суспендираше пристапот до пазарот на ЕУ за две пратки – едната со

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ в понеделник со нови цени,

09/09/2026

Цените на нафтата на светските берзи драматично растат како резултат на ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток. Суровата нафта „Брент“,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy