Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 35-ти Марш на ангелите во Кочани: „Време е улиците да зборуваат“
Македонија

35-ти Марш на ангелите во Кочани: „Време е улиците да зборуваат“

27/12/2025

AA

Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“ упати јавен повик до граѓаните да се приклучат на следниот „Марш на ангелите“, кој ќе се одржи денеска, на 27 декември 2025 година, со почеток во 14:05 часот, од Паркот на револуцијата.

Од здружението порачуваат дека маршот е мирен, достоинствен и јасен израз на солидарност, насочен кон оние кои ги загубија животите, но и кон сите повредени кои преживеаја и, како што наведуваат, ќе го носат товарот од трагедијата до крајот на животот.

„Ова не е марш за политичари, ниту за медиуми. Ова е марш за тие што ги нема, за тие што преживеаја и заслужуваат вистина, почит и правда“, стои во објавата на здружението. Тие нагласуваат дека целта е да се испрати силна порака за безбедна иднина на сите деца и за општество во кое секое утре ќе биде посигурно од денешниот ден.

Организаторите истакнуваат дека секој поединечен чекор е значаен и дека присуството на граѓаните е доказ дека јавноста не е рамнодушна и дека правдата не смее да биде игнорирана. Според нив, маршот е начин улиците да проговорат за она што институциите, како што велат, го премолчуваат.

„Не затоа што мораш, туку затоа што е исправно“, порачуваат од „16-ти Март 2025“, додавајќи дека секој граѓанин е потребен и дека маршот не е за поединци, туку за сите.

Ова ќе биде 35-ти по ред „Марш на ангелите“, кој, според здружението, останува симбол на граѓанската борба за вистина, одговорност и достоинство на жртвите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РАДОСТ ЗА ДЕЦАТА НА ПРИПАДНИЦИТЕ НА АРМИЈАТА Дедо Мраз се

27/12/2025
Македонија

Дедо Мраз слета со хеликоптер во Петровец: Специјално изненадување за

27/12/2025
Македонија

Деспотовски: СДСМ имала и ќе има многу поголеми личности од

27/12/2025
Македонија

МУ ЕКСПЛОДИРАЛ БОЈЛЕР, ЗАВРШИЛ ВО БОЛНИЦА Несреќен случај во стан

27/12/2025
Македонија

„Наместо да се договарате за Нова година, да се слуша

27/12/2025
Македонија

Украдена бистата на Вера Јоциќ од парк во Центар!

27/12/2025
Македонија

Му ветил автомобил од Швајцарија, па исчезнал: Виничанец измамен за

27/12/2025
Македонија

КАВДАРЧАНЕЦОТ КОЈ ИЗЧЕЗНА ПРЕД ДВА ДЕНА Е ПРОНАЈДЕН МРТОВ Луѓето

27/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 39552
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РАДОСТ ЗА ДЕЦАТА НА ПРИПАДНИЦИТЕ НА АРМИЈАТА Дедо Мраз се спушти со хеликоптер

27/12/2025

Во рамките на Министерството за одбрана на Република Македонија се одржа свечен и празничен настан кој внесе радост и насмевки

Дедо Мраз слета со хеликоптер во Петровец: Специјално изненадување за децата на македонските мировници

27/12/2025

Претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска-Давкова, заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на

Деспотовски: СДСМ имала и ќе има многу поголеми личности од актуелниот претседател

27/12/2025

Откако денеска СДСМ преку сооопштение најави дека ќе бара исклучување на Јован Деспотовски од партијата затоа што, според нив, „ја

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy