Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 35-годишник од Кондово неовластено држел пиштол во неговиот дом и се заканувал дека ќе убие дете и неговиот татко
Македонија

35-годишник од Кондово неовластено држел пиштол во неговиот дом и се заканувал дека ќе убие дете и неговиот татко

10/04/2025

AA

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривични дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 3 и Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 35-годишник, во неговиот дом во Кондово неовластено држел огнено оружје – полуавтоматски пиштол „CRVENA ZASTAVA Mod.70“ калибар 7,65 мм, со две рамки и муниција – 24 куршуми.

Во периодот од февруари до 07.04.2025 година, преку апликацијата „WhatsApp“ осомничениот во неколку наврати сериозно се заканувал дека ќе нападне врз животот или телото на оштетено дете и врз животот и телото на таткото на детето.

Со цел да се пофали дека поседува огнено оружје, осомничениот најпрво во февруари на телефонскиот број кој во тој временски период го користело детето, испратил видео клип на кој се гледа како пука со автоматска пушка додека бил на некоја свадба. Детето тоа видео го зачувало на телефонот.

На 07.04.2025 година, кога детето веќе користело друг телефонски број, осомничениот, преку апликацијата му се јавил и му упатил сериозни закани дека ќе го убие него и неговиот татко, доколку ја објави снимката со автоматската пушка.

По неколку часа повторно му се јавил на детето и на висок тон продолжил со заканите, предизвикувајќи чувство на несигурност и страв кај него.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📽️ ЛИКОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ И МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ НА НЕБОТО

23/10/2026
Македонија

📽️ НИКОЛОСКИ СО ПОДДРШКА ЗА РАДИЧЕВСКИ Најави проекти за Брвеница

23/10/2026
Македонија

СДСМ Е ВО АГОНИЈА, НАЧЕВСКИ БАРА ФИЛИПЧЕ ДА СИ ОДИ

23/10/2026
Македонија

📽️ МЕЛАНИЈА ТРАМП ГО НАПРАВИ НЕВОЗМОЖНОТО, ПРИМИРЈЕ ЗА ОПСЕДНАТИОТ ГРАД

23/10/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НЕМА ДА СЕ ЗАНИМАВА СО КОСКИ ОД МИНАТОТО Премиерот

23/10/2026
Македонија

ИСТРАГА ЗА ВЕЛЕШАНЕЦОТ КОЈ НУДЕЛ „КУБАНСКИ ВАКЦИНИ“ ПРОТИВ РАК Обвинителството

23/10/2026
Македонија

БРИСЕЛ ПОВТОРНО СО ПОРАКА ДО СКОПЈЕ, УСТАВНИ ИЗМЕНИ ЗА НОВ

23/10/2026
Македонија

ТРОЈЦА ЛАУРЕАТИ СО ДРЖАВНАТА НАГРАДА „23 ОКТОМВРИ“ Јолевски за уметноста,

23/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46341
  • Регион 3997
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📽️ ЛИКОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ И МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ НА НЕБОТО Честитка од Мицкоски за 23

23/10/2026

Премиерот Христијан Мицкоски го честиташе Денот на македонската револуционерна борба со видеопорака насловена „Небото свети Македонија“, во која со дронови

📽️ НИКОЛОСКИ СО ПОДДРШКА ЗА РАДИЧЕВСКИ Најави проекти за Брвеница и околните села

23/10/2026

Кандидатот за градоначалник на Општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска го

СДСМ Е ВО АГОНИЈА, НАЧЕВСКИ БАРА ФИЛИПЧЕ ДА СИ ОДИ ЗА ДА ПОЧНЕ ДИЈАЛОГОТ ВО

23/10/2026

Коста Начевски, член на внатрепартиската иницијатива „Разговори за иднината во 12:05“, смета дека предуслов за отворање вистински политички дијалог во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy