
35-годишен стружанец си изградил куќа на државно земјиште
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против К.Б.(35) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“ и кривично дело „узурпација на недвижности“.
Пријавениот, во период од 2018 до октомври 2023 година, бесправно изградил семејна куќа на земјиште во сопственост на РСМ.