
30 ноември неработен ден, но само за администрацијата и училиштата во Скопје
За сите вработени во државната и јавната администрација на подрачјето на град Скопје, 30 ноември ќе биде неработен ден поради одржувањето на 30-иот Министерски состанок на ОБСЕ.
Работното време на 29 ноември 2023 (среда), пак, ќе заврши во 12 часот.
Одлуката ја донесе Владата денеска на седница, на предлог на Министерството за надворешни работи.
