Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 30 млади лица, идни офицери на Армијата дадоа свечена заклетва, Петровска им порача: Станувате дел од семејството кое се грижи за безбедноста!
Македонија

30 млади лица, идни офицери на Армијата дадоа свечена заклетва, Петровска им порача: Станувате дел од семејството кое се грижи за безбедноста!

27/03/2024

AA

Триесет млади граѓани, идни офицери на Армијата на Република Северна Македонија денеска на Воената академија во Скопје дадоа свечена заклетва по што ќе започнат со нивното школување на Воената академија. На свеченоста свое обраќање имаше министерката за одбрана, Славјанка Петровска, која на слушателите на Курсот за стручно оспособување и усовршување на офицери им порача дека оваа заклетва преставува нешто многу повеќе од изговорените зборови и дека ја симболизира нивната непоколеблива посветеност на кауза што е поголема од нив самите.

„Како идни офицери, ќе ја носите тежината на одговорноста на вашите рамена. Ќе бидете повикани да водите со храброст, интегритет и разбирање. Ќе ви бидат доверени животите на оние кои ќе бидат под ваша команда, а одлуките што ќе ги донесете ќе имаат големо влијание врз нивната благосостојба но и безбедноста на нашата татковина. Затоа посветено и внимателно учете ги содржините за време на курсот, усовршите ги своите вештини, а вашата цврстина и посветеност нека ги надминат сите предизвици“, рече Петровска.

Министерката Петровска на идните офицери кои доаѓаат од различни бранши им упати благодарност што одговорија на повикот и им порача дека нивната храброст и посветеноста на должноста го претставуваат најдоброто од нашата земја. Идните офицери, рече таа, не се сами на патот кон стекнување на првиот офицерски чин.

„На ова патување не тргнувате сами. Имате целосна поддршка од вашите колеги, вашите професори и нашата земја која длабоко ја цени вашата жртва и служба. Вие станувате дел од заедница, дел од семејство“, потенцира Петровска.

Деканот на Воената академија, полковникот Митко Богдановски истакна дека Академијата, именувана по генералот Михаило Апостолски, е симбол на патриотизам, храброст и издржливост.

„Наследството на генерал Апостолски е инспирација за сите што се дел од оваа институција и нè потсетува на жртвите положени за нашата слобода и независност“, истакна Богдановски.

Тој додаде дека со давањето на свечената заклетва, нашите идни офицери гордо презедоа одговорност и целосна посветеност на одбраната и безбедноста на нашите граѓани и на сојузниците.

На денешната свеченост присуствуваше и командантот на Командата за обука и доктрини, полковник Васко Коколански, претставници од Воената академија, останати гости од Министерството за одбрана и Армијата како и членови на семејствата на слушателите на курсот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy