
30 годишникот во Глажња се бањал со уште две братучетки, тие успеале да се спасат
30 годишникот по чие тело се трагаше до денес, не се бањал сам во езерото Глажња. Локалните жители и роднини на момчето кои беа на местото додека треаше денешната потрага, за екипата на 4NEWS.mk разкажуваа за моментите пред трагедијата.
30 годишникот се бањал заедно со две негови братучетки, кои не знаеле да пливаат. Пред да се случи несреќата, тие биле на почетокот од езерото и успеале веднаш да излезат од водата. Додека 29 годишникот за момент исчезнал од водата.
Потрагата траше шест денес, а денеска беше извлечено тело на мртов маж од водите на езерото. Во тек е процес на идентификација и утврдување на идентитетот.
Според наши информации, телото ќе биде предадено на обдукција со цел да се утврдат детали кои ќе бидат потребни на јавното обвинителство. Со обдукцијата ќе се дознае и како настанала смртта.
Голем број на роднини, пријатели и локални мештани сите овие денови беа кај езерото Глажња кое се наоѓа во близина на Гошинце. Името го добило по селото Глажња. Изградено е во 1971 година. Браната е бетонска лачногравитациска
