
30-дневен притвор за седумте полициски службеници кои се обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“
30-дневен притвор за седум службени лица од СВР Штип и ПСОН Кочани, осомничени за „тешки дела против општата сигурност“, одреди Основниот кривичен суд Скопје. Тие се обвинети дека издале незаконска согласност за работа на дискотеката каде во пожарот загинаа 59 лица, а околу 200 беа повредени.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, потврди дека осомничените потпишале документи со кои го одобриле работењето на локалот, иако тој не ги исполнувал законските услови. Пред судија ќе биде изведено уште едно лице, раководно во Министерството за економија.
Странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.