
29-годишна пациентка починала на Инфективно во Тетово, МЗ иницира инспекциски надзор!
Министерството за здравство во врска со случајот со починатата 29-годишна пациентка во Инфективното одделение во Општата болница во Тетово иницира инспекциски надзор до ДСЗИ.
Јавноста ќе биде навремено известена по завршувањето на постапката за утврдување на фактичката состојба.
Министерството за здравство останува посветено на транспарентноста, одговорноста и обезбедување на квалитетна здравствена заштита за сите граѓани.