
25 годишникот кој до смрт избоде лице во старата скопска чаршија избегал во Косово, уапсен е!
Расправија за такси и банална кавга во кафе-бар прераснале во крвава драма во Старата скопска чаршија за време на новогодишната ноќ. Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје отвори истрага против 25-годишен турски државјанин со престој во Тетово, кој е осомничен дека убил едно момче, а се обидел да убие и друго.
Жртвата е идентификувана како Ахмет Мерт Доган, 22-годишен турски државјанин, кој починал на лице место од убоди со нож.
Според реконструкцијата на настанот од страна на ОЈО, инцидентот започнал во кафе-бар во Чаршијата. Осомничениот (25) влегол во вербална расправија со жртвата и неговиот 23-годишен пријател (жител на германскиот град Есен).
По првичната кавга, двајцата оштетени заминале кон Плоштадот.
При повторната средба, расправијата ескалирала. Осомничениот извадил нож и го нападнал Ахмет Мерт Доган.
По делото, убиецот побегнал. Скопската полиција и обвинителството веднаш ги прегледале снимките од видео-надзорот во Чаршијата, што овозможило брза идентификација.
Истрагата покажала дека тој пребегал во Косово. По распишаната потрага, тој е лишен од слобода од страна на косовските органи.
Осомничениот се товари за две тешки дела: „Убиство“ и „Убиство во обид“.
